Меркел и Оланд побараа да се почитува правото на азил

Главна точка на дневниот ред на остварената средба помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, беше кризата со мигрантите во Европа која се повеќе расте

369160
Меркел и Оланд побараа да се почитува правото на азил

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд поради порастот на мигрантската криза во голем број европски земји упатија повик до земјите членки на ЕУ да го почитуваат правото на азил.

Главна точка на дневниот ред на остварената средба во Берлин помеѓу Меркел и Оланд беше кризата со мигрантите во Европа која се повеќе расте.

Ангела Меркел истакна дека најзначајната точка на дневен ред е регистрацијата на мигрантите и обезбедувањето на услови за нивно сместување и пружање на неопходните здравствени и други видови услуги.

Ангела Меркел рече дека Германија и Франција бараат до крајот на годината во Грција и Италија да се формираат центри за прифаќање на мигрантите за нивно евидентирање во кои заеднички ќе работат и експерти од земјите на ЕУ и други земји.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак нагласи дека треба да се располага со заеднички систем за право на азил.

Оланд рече: „Европа има потреба од заедничка мигрантска политика. ЕУ е во многу тешка состојба. Ниту една земја не може самата да ја преземе одговорноста. Земјите на Унијата своите политики треба да ги определуваат заеднички.“

Меркел и Оланд застанаа во одбрана на тоа дека мигрантите кои доаѓаат во Европа како што рекоа „безбедни земји“ доколку не бидат подложени на политички притисок за многу покусо време се испраќаат во нивните земји.

Инаку Германија откако минатата година почнаа да доаѓаат голем број мигранти од Балканските земји како што се Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, на овие земји им го даде статусот на „безбедни земји“.


Тагови:

Слични вести