На азербејџанско-ерменската граница загинаа 5 ерменски војници

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека ерменските вооружени сили извршиле напад со тешко оружје на фронтовата линија при што во судирот загинале 5 мина ерменски војници, а 8 војници биле ранети

339813
На азербејџанско-ерменската граница загинаа 5 ерменски војници

Судир на фронтовата линија помеѓу Азербејџан и Ерменија во кој загинаа 5 мина ерменски војници.

Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана се истакнува дека ерменските вооружени сили извршиле напад со тешко оружје на областите Агдам и Хоџавенд на фронтовата линија помеѓу двете земји.

На нападот на ерменските сили азербејџанските вооружени сили одговориле со против оган при што во вооружениот судир загинале 5 мина ерменски војници, а 8 војници биле ранети.

Во судирот тројца азербејџански војници здобиле полесни рани од шрапнели.

Повредените азербејџански војници по укажаната медицинска помош биле испратени во своите единици.


Тагови:

Слични вести