Мигрантски самит во Берлин меѓу Меркел и Оланд

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе одржат средба на која ќе ги бараат патишта за изнаоѓање решение за прашањето со масовниот бран мигранти

368732
Мигрантски самит во Берлин меѓу Меркел и Оланд

Масовниот бран мигранти од африканските и Блискоисточните земји ги принудија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд да стапат во акција.

На самитот на кој двајцата лидери ќе се состанат денеска во Берлин, а на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко ќе се бараат патишта за изнаоѓање решение за прашањето со масовниот бран мигранти.

Двајцата лидери Меркел и Оланд всушност ќе се состанеа за разговарање за украинската криза меѓутоа димензиите до кои достигна мигранската криза беше причина приоритет да му се придаде на ова прашање.

На самитот ќе стане збор за забрзување на формирањето на првите центри за прифаќање и евидентирање на мигрантите во Италија и Грција кои се подложени на масовниот бран мигранти.

На тој начин мигрантите ќе бидат регистрирани во првата земја членка на ЕУ каде што ќе пристигнат.

По овдешните процедури ќе бидат класифицирани во статус на „легални мигранти“ или „бегалци“.

Оланд и Меркел по самитот ќе одржат и заедничка конференција за печатот.

Во меѓувреме францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус истакна дека за справување со масовниот бран мигранти во светски рамки треба да вложат напори сите земји на ЕУ.


Тагови:

Слични вести