Напад на конвој на НАТО во Авганистан

Во самоубиствен напад на конвој на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул загинаа 12 лица, а десетици лица беа повредени.

338774
Напад на конвој на НАТО во Авганистан

Во главниот град на Авганистан Кабул беше извршен самоубиствен напад на конвој на НАТО во кој животот го загубија 12 лица, а десетици лица беа повредени.

Тројца од загинатите биле лица вработени во фирми кои работат за НАТО, додека меѓу повредените имало и жени и деца.

Одговорноста за нападот досега не ја презеде никој, меѓутоа познато е дека Талибан во последните месеци ги засили своите терористички напади во земјата.

Откако минатиот месец беше соопштена смртта на лидерот на Талибан Молла Омер беа одложени и мировните разговори помеѓу организацијата и авганистанската влада.


Тагови:

Слични вести