Убиен вториот човек на ДЕАШ ел-Хајали

Белата куќа соопшти дека бил убиен вториот човек на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) Фадил Ахмет ел-Хајали

338529
Убиен вториот човек на ДЕАШ ел-Хајали

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата Куќа Нед Прајс истакна дека вториот човек на терористичката ДЕАШ ел-Хајали кој е познат и како Хаџи Мутаз бил убиен во американски воздушен напад на 18 август додека патувал со возило во близина на градот Мусул во Ирак.

Велејќи дека во нападот бил убиен и медиумскиот оперативец на ДЕАШ Абу Абдула кој се наоѓал во истото возило, Прајс рече дека ел-Хајали го контролирал разместувањето на стратешкото оружје, експлозивот, возила и припадниците на организацијата во Ирак и Сирија и му бил искусен помошник на лидерот на терористичката ДЕАШ ел-Багдади.

Портпаролот за национална безбедност Нед Прајс додаде дека убиството на ел-Хајали ќе има негативно влијание врз работењето и операциите на ДЕАШ.


Тагови:

Слични вести