СБ на ОН го продолжи мандатот на мисијата на УНИФИЛ во Либан

Советот за безбедност на ОН едногласо ја прифати резолуцијата за продолжување за уште една година престојот на мировната мисија на Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ)

338240
СБ на ОН го продолжи мандатот на мисијата на УНИФИЛ во Либан

Советот за безбедност на ОН го продолжи за уште една година мандатот на Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

На гласањето во Советот едногласно беше прифатена резолуцијата за продолжување до 31 август 2016 година на престојот на мисијата на УНИФИЛ која придонесува во воспоставувањето на стабилноста и безбедноста на израелско-либанската граница, а со образложение дека состојбата во Либан им се заканува на меѓународниот мир и безбедноста.“

Во резолуцијата освен тоа што се упатува повик до сите страни за ставање крај на непријателствата и за почитување на прекинот на огнот, исто така се бара да се има целосна почит кон Сината линија и да се спречи нејзиното прекршување.

Турција која дава придонес со свои војници на Привремените сили на ОН во Либан УНИФИЛ уште од 2006 година, со одлуката што минатиот месец беше одобрена од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го продолжи за уште една година мандатот на својот воен контингент во оваа земја.


Тагови:

Слични вести