ОН задоволни од разговорите меѓу Косово и Србија

Шефот на привремената администрација на мисијата на ООН на Косово Фарид Зариф говореше на седницата на СБ посветена на Косово

338437
ОН задоволни од разговорите меѓу Косово и Србија

Шефот на привремената администрација на мисијата на ООН на Косово Фарид Зариф кој говореше пред Советот за безбедност на ОН го изрази задоволството од разговорите меѓу Косово и Србија кои се во тек.

Истакнувајќи дека на 25 август повторно ќе се состанат високите функционери на двете земји, Зариф рече дека е оптимист оти постоечкиот дијалог помеѓу страните ќе продолжи и во однос на тешките прашања.

Фарид Зариф како проблеми кои што се појавуваат на преден план во разговорите ги наброи плаќањето на обештетување за исчезнатите, заживувањето на врските во транспортот и трговијата, имотот, враќањето на бегалците и лицата кои биле принудени да ги напуштат своите домови, нивното сместување и статусот на Православната црква.

На седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово присуствуваа и заменикот косовски премиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачич.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на местото на Фарид Зариф кој е инаку авганистански дипломат го назначи дипломатот од истата земја по име Захир Танин кој должноста шеф на привремената администрација на мисијата на ОНО на Косово ќе ја преземе на 31 август.


Тагови:

Слични вести