Демант од Русија за испорачани воени авиони на Сирија

Генералниот директор на рускиот производител на воени авиони компанијата МИГ Сергеј Коротков истакна дека не била доставена една таква испорака на Сирија

338686
Демант од Русија за испорачани воени авиони на Сирија

Русија ги демантираше тврдењата дека испратила воени авиони на Сирија.

Генералниот директор на рускиот производител на воени авиони компанијата МИГ Сергеј Коротков истакна дека не била доставена една таква испорака на Сирија.

„Не и испративме воен авион на Сирија и немаме одреден план за употреба на авионите таму“ – рече Коротков.

Инаку во вестите кои што се појавија неодамна се тврдеше дека Русија согласно постигнатите договори пред граѓанската војна во Сирија му испорачала на режимот на Асад во оваа земја 6 воени авиони од типот МИГ-31.


Тагови:

Слични вести