Северна Кореја прогласи воена состојба

На состанокот на Високиот воен комитет кој се состана под лидерство на Ким Јонг-Ун е донесена одлука пограничните единици да бидат поставени во состојба на целосна борбена готовност

336947
Северна Кореја прогласи воена состојба

Затегнатоста на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја го достигна врвот.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја KCNA јави дека Високиот воен комитет се состана под лидерство на Ким Јонг-Ун.

На состанокот беше донесена одлука пограничните единици да бидат поставени во состојба на целосна борбена готовност да би можеле да реализираат ненадејни операции тогаш кога ќе затреба.

Откако Северна Кореја застрела еден од пропагандните мегафони во демилитаризираната зона на границата, Јужна Кореја одговори со топовски оган на северниот дел.

Властите во Пјонгјанг вчера му дадоа 48 часовен ултиматум на Сеул за прекин на пропагандната акција со мегафони разместени во демилитаризираната зона и се заканија дека во спротивно ќе биде даден одговор со воени дејства.

Јужна Кореја пак истакна дека пропагандните емисии ќе продолжат.


Тагови:

Слични вести