Меркел во посета на Бразил

Германската канцеларка Ангела Меркел на покана на претседателката Дилма Русеф допатува во посета на Бразил, една од најбрзорастечките економии во светот

336387
Меркел во посета на Бразил

Германската канцеларка Ангела Меркел престојуваше во посета на Бразил каде што оствари разговори посветени на зголемувањето на германските инвестирања во оваа земја, која се наоѓа меѓу најбрзорастечките економии во светот.

На дневен ред на Меркел која допатува на покана на претседателката на Бразил Дилма Русеф се најдоа преговорите помеѓу Јужноамериканскиот заеднички пазар и Европската Унија кои што продолжуваат веќе долги години.

На разговорите беше направена проценка на партнерствата помеѓу двете земји во воената сфера, а беа преразгледани и можностите за соработка во сферите на науката, технологијата, енергијата и заштитата на климата.

Германија ќе му додели на Бразил кредит во износ од приближно 550 милиони евра за заштита на климата и тропските шуми.

Германските компании планираат да реализираат инвестирања во Бразил во износ од 57 милијарди евра во аеродромите, железниците и пристаништата.

Инаку, поради скапиот живот во Бразил кој што се повеќе расте и каде инфлационата стапка е зголемена на 10-отсто, како и тврдењата за корупција постепено се намалува поддршката на бразилскиот народ на претседателката Дилма Русеф.


Тагови:

Слични вести