Израелската армија изврши напад на Голанската висорамнина
Израел соопшти дека во знак на одмазда против 4 ракетни напади до сриска страна врз северните делови на земјата бил реализиран топовски и воздушен напад на Голанската висорамнина

Воздушен напад од Израел врз Сирија...
Израелската армија ги бомбардираше позиициите на сириската армија на Голанската висорамнина.
Како што се истакнува израелската армија извршила топовски и воздушен напад врз позициите на сириската армија на Голанската висорамнина.
Од страна на еден израелски хеликоптер биле погодени и дирекцијата за транспорт и зградата на губернијата на режимот на Асад во градот Кунејтра.
Во нападот била причинета штета во зградите.
Израел соопшти дека нападот бил извршен во знак на одмазда против 4 ракетни напади до сриска страна врз северните делови на земјата.
Израел за време на шестдневната војна во 1967 година окупира дел од Голанската висорамнина и го приклучи кон своите територии.
Меѓутоа претензиите на Израел кон Голанската висорамнина не се прифаќаат од страна на меѓународната заедница.