29 нови воздушни напади врз терористичката ДЕАШ во Сирија и Ирак

Меѓународните коалициони сили реализираа 29 нови воздушни напади врз терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија и Ирак

336483
29 нови воздушни напади врз терористичката ДЕАШ во Сирија и Ирак

Продолжуваат операциите на меѓународните коалициони сили предводени од САД против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во рамките на операциите биле реализирани 29 нови воздушни напади врз цели на терористичката организација во Сирија и Ирак.

Во објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“ се истакнува дека во Сирија биле реализирани 8 воздушни напади.

Во нападите во регионите на Алепо, Хасеке и Кобани биле погодени тактички единици и борбени позиции како и тешкото оружје на терористичката организација.

Во соопштението се вели дека бил реализиран 21 воздушен напад и врз цели на организацијата во Ирак.


Тагови:

Слични вести