Режимот на Асад за две години реализира 125 хемиски напади

Во извештајот на ОН се истакнува дека сирискиот режим по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 27 септември 2013 година за две години реализирал 125 хемиски напади

335957
Режимот на Асад за две години реализира 125 хемиски напади

Организацијата за набљудување на човековите права во Сирија (СНХР) објави извештај по повод втората годишнина од масакрот во Источна Гута каде што режимот на Асад употреби хемиско оружје.

Во извештајот се внесени нападите на сирискиот режим пред и по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН број 2218 која го содржеше изнесувањето на хемиското оружје надвор од земјата и негово уништување.

Според тоа пред да биде усвоена оваа резолуција режимот 33 пати употребил хемиско оружје најпрвин помеѓу 23 декември 2012 и 27 септември 2013 година. 20 од нападите биле извршени во околината на главниот град Дамаск, а останатите во Алепо, Идлиб и Хомс.

Во извештајот се истакнува дека сирискиот режим по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 27 септември 2013 година реализирал уште 125 хемиски напади и се вели дека не придржувајќи се кон резолуцијата на Советот за безбедност на ОН го прекрши меѓународното право.

Освен тоа во извештајот се нагласува дека сирискиот режим повеќе од областите кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) реализирал напади со хемиско оружје на областите под контрола на опозиционерите.

Режимот на Асад ноќта помеѓу 20 и 21 август во 2013 година во областа Источна Гута во предградието на главниот град Дамаск реализира напад со отровен гас сарин.

Притоа во нападот најмалку илјади 300 лица кои беа затечени на спиење го загубија животот, а 3 илјади 600 лица беа затруени.


Тагови:

Слични вести