26 нови воздушни напади врз терористичката ДЕАШ

Коалиционите сили реализираа 8 нови воздушни напади врз цели на терористичката ДЕАШ во Сирија и 18 воздушни напади во Ирак

334786
26 нови воздушни напади врз терористичката ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили предводени од САД извршија 26 нови воздушни напади врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија и Ирак.

Во објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“ се истакнува дека коалиционите сили реализирале 8 нови воздушни напади врз цели на терористичката ДЕАШ во Сирија.

Нападите биле реалзиирани во Хасеке, Алепо и околината на Ракка.

18 нови воздушни напади биле извршени и врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Ирак.

Во воздушните напади биле погодени тактички единици, борбени позиции и контролни пунктови како и возила на терористичката ДЕАШ.


Тагови:

Слични вести