Во врска со експлозијата во Тиенџин приведени 10 лица

Во врска со експлозијата во пристанишниот град Тиенџин во Кина во едно складиште со опасни хемиски материјали беа приведени 10 лица

332765
Во врска со експлозијата во Тиенџин приведени 10 лица

Приведени 10 лица во врска со експлозијата што пред 6 дена се случи во пристанишниот град Тиенџин во северниот дел на Кина во едно складиште со опасни хемиски материјали и притоа животот го загубија 114 лица.

Власите во Пекинг истакнаа дека истрагата во врска со експлозијата ќе продолжи и дека одговорните сигурно ќе бидат казнети.

Во меѓувреме продолжуваат и реакциите на блиските на загинатите во експлозијата и жителите на градот чии домови беа оштетени.

Според изјавата на официјални органи во областа на експлозијата имало стотици тони натриум цијанид, додека оштетените бараат обештетување.

Властите во Пекинг се во тешка состојба и поради прашања како што се давање дозвола за преработување на отровни хемиски материјали во близина на населени места и складирање на материјали многу повеќе од количината која што се дозволува со законот за безбедност на работа.

Во меѓувреме во Тиенџин беше одржана и церемонија во чест на загинатите во експлозијата на која учествуваа над 300 лица меѓу кои и функционери на локалната самоуправа на градот и пожарникари.

Во силната експлозија што се случи пред 6 дена во едно складиште во кое имало стотици тони натриум цијанид во индустрискиот и пристанишен град Тиенџин во северниот дел на Кина, животот го загубија 114 лица, 700 лица беа повредени, а 57 лица од кои повеќето пожарникари се водат како исчезнати.


Тагови:

Слични вести