Во Индонезија исчезна авион кој патувал на внатрешни линии

Индонезиската национална агенција за пребарување и спасување истакна дека не можела да се воспостави комуникација со патничкиот авион во кој се наоѓале 49 патници и 5 членови на екипажот

329856
Во Индонезија исчезна авион кој патувал на внатрешни линии

Во Индонезија исчезна патнички авион кој патувал на внатрешни линии.

Надлежни истакнаа дека во авионот се наоѓале 49 патници и 5 мина членови на екипажот.

Индонезиската национална агенција за пребарување и спасување истакна дека не можела да се воспостави комуникација со патничкиот авион.

Како што се вели комуникацијата со авионот била прекината во источниот дел на земјата во регионот на Папуа.

Индонезија често се споменува по авионските несреќи.

Како последно се сруши воен авион во сопственост на индонезиските воздушни сили при што животот го загубија повеќе од 100 лица.

Минатата година пак исчезна патничкиот авион кој од индонезискиот остров Сурабаја леташе за Сингапур по што остатоците од авионот беа пронајдени во Морето Јава.

Во авионот се наоѓаа 155 патници и 7 мина членови на екипажот.


Тагови:

Слични вести