Шериатмедари: Хамнеи незадоволен од нуклеарниот договор

Главниот и одговорен уредник на весникот „Ќејхан“ Хусејин Шериатмедари во својата колумна во весникот „Ќејхан“ тврди дека Хамнеи не е задоволен од постигнатиот нуклеарен договор со Западните земји

329542
Шериатмедари: Хамнеи незадоволен од нуклеарниот договор

Како што тврди главниот и одговорен уредник на весникот „Ќејхан“ еден од водечките и најкоренити весници на Иран Хусејин Шериатмедари, иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи во никој случај не бил задоволен од нуклеарниот договор.

Шериатмедари во својата колумна во весникот „Ќејхан“ тврди дека Хамнеи не е задоволен од постигнатиот нуклеарен договор со Западните земји.

Шериатмедари во својот натпис застанува во одбрана на тоа дека голем број од членовите во договорот претставуваат закана за независноста и безбедноста на Иран и предупреди дека евентуалната примена на овој договор ќе претставува „катастрофа“ за Иран.

Укажувајќи на говорот на иранскиот верски лидер Хамнеи во худбата за Рамазан Бајрам во која вели „независно од тоа дали ќе биде или нема да биде одобрен договорот, никој не може да им наштети на основните принципи на Иран“, Шериатмедари тврди дека овие зборови на Хамнеи ја презентираат неговата недоверба кон нуклеарниот договор.

Инаку, иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи кој во одлуките кои што се донесуваат во внатрешната и надворешната политика на земјата секогаш го кажува последниот збор и покрај тоа што упатува пофалби за напорите на иранската преговарачка делегација за време на нуклеарните разговори досега не говореше во врска со тоа дали го одобрува или не го одобрува нуклеарниот договор.

Постигнатиот нуклеарен договор меѓу Иран и земјите од групата П5+1 предвидува за возврат на ограничувањето на нуклеарната програма на Иран постепено да бидат укинати санкциите врз оваа земја. 

Некои средини во Иран тврдат дека во нуклеарните преговори со ограничувањето на нуклеарната програма биле надминати црвените линии поставени од страна на иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.


Тагови:

Слични вести