Терористичката ДЕАШ во близина на Алепо уби 76 опозиционери

Во судирите за градчето Мареа на 35 километри од градот Алепо загинаа 76 лица припадници на опозицијата

327874
Терористичката ДЕАШ во близина на Алепо уби 76 опозиционери

Терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) уби 76 лица припадници на опозицијата противници на режимот на Асад.

ДЕАШ го зазеде градчето Мареа на 35 километри од градот Алепо каде што се наоѓаше штабот на опозиционерите.

Во градчето Мареа кое се наоѓаше под опсада на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) приближно една недела се водеа судири по што 76 припадници на опозицијата противници на режимот на Асад кои го бранеа градчето загинаа во судирите.

Во еднонеделните судири загинаа и 46 припадници на ДЕАШ.

Инаку градчето Мареа во близина на градот Алепо е од симболично значење поради тоа што е меѓу првите населени места кои се кренаа против режимот на Асад во Сирија.


Тагови:

Слични вести