Расте билансот на загинати во експлозијата во Кина

Бројот на загинатите во силната експлозијата во едно складиште за опасни хемиски материјали во пристанишниот град Тиенџин во северниот дел на Кина се зголеми на 721 лице

328767
Расте билансот на загинати во експлозијата во Кина

Бројот на жртви во експлозијата во пристанишниот град Тиенџин во северниот дел на Кина, југоисточно од главниот град Пекинг, се зголеми на 85.
Повторно се појави пожар на три одделни места во областа каде што се случи експлозијата.

Кинескиот печат истакна дека продолжува лекувањето на 721 повредено лице во експлозијата и дека здравствената состојба на приближно 40 од повредените е сериозна.

Од друга страна не беа дадени точни податоци во врска со содржината на хемиските материјали во складиштето и причината за експлозијата. Пред можноста од опасност од хемиските материјали на местото на експлозијата од страна на војници облечени во специјална облека почна да се реализираат активности за пребарување и спасување.

Граѓаните чии домови беа оштетени во експлозијата се сместени во училиштата во областа и како што се наведува во случајот биле оштетени приближно 7 илјади лица.

Во областа Бинхај кај пристанишниот град Тиенџин дојде до голема експлозијата во едно логистичко складиште каде што биле чувани опасни хемиски материјали.

Експлозијата беше снимена и од страна на јапонски сателит од вселената.


Тагови:

Слични вести