Коалиционите сили извршија 31 нов напад врз терористичката ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили реализираа 31 нов воздушен напад врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) на териториите на Сирија и Ирак

327884
Коалиционите сили извршија 31 нов напад врз терористичката ДЕАШ

Продолжува борбата на меѓународните коалициони сили предводени од САД против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Коалиционите сили реализираа 31 нов воздушен напад врз ДЕАШ во Сирија и Ирак.

Во објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“ се истакнува дека вчера од страна на меѓународните коалициони сили биле реализирани 8 воздушни напади во Сирија.

3 од нападите биле реализирани во околината на Хасеке, по 2 напади на Алепо и Рака и 1 напад во околината на Кобани.

Во воздушните напади биле погодени тактички единици, складишта и борбени позиции на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Меѓународните коалициони сили предводени од САД реализираа 23 нови воздушни напади и врз цели на терористичката организација на териториите на Ирак.


Тагови:

Слични вести