Демонстрации на голем број Ирачани за реформи

Голем број граѓани на Ирак излегоа на улиците во главниот град Багдад и во други голем број градови низ земјата и одржаа демонстрации со барање на реформи

328784
Демонстрации на голем број Ирачани за реформи

Илјадници Ирачани се собраа на плоштадот на Слободата во главниот град Багдад со барање за реформи во земјата каде што долги години се живее под сенката на оружјето во војни, ембарга и секташки судири.

Демонстрантите во рацете носеа транспаренти на кои пишуваше „Доста е веќе. Не изневерувајте ја гордоста на народот.“

Големиот број демонстранти извикуваа слогани за поддршка на ирачкиот премиер Хајдар Ел Ибади „Сите сме со тебе“ и „Удри со твојата челична тупаница“.

Мнозинството од демонстрантите кои се собраа на плоштадот на Слободата во главниот град Багдад го сочинуваа млади.

Освен во Багдад, демонстрации беа одржани и во други ирачки градови како Басра, Амара, Насирије, Диваније, Кут, Вавилон. Неџеф, Кербела, Дијала и Ќерќук.

Демонстрантите изнесуваа примедби на тоа што под изговор дека се води борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) реформите во земјата не се применуваат навремено .


Тагови:

Слични вести