Посета од САД на Куба по изминати 70 години

Американскиот државен секретар Џон Кери официјално ќе ја отвори американската амбасада на САД во Хавана

327807
Посета од САД на Куба по изминати 70 години

Се доживува уште еден историски ден во односите помеѓу САД и Куба.

Главниот град на Куба, Хавана, по период од 70 години за прв пат дочекува еден американски државен секретар.

Џон Кери официјално ќе ја отвори американската амбасада на САД во Хавана.

САД својата амбасада во Хавана ја затворија пред 54 години.

Тројца американски маринци кои во 1961 година го симнаа американското знаме од амбасадата во Хавана, го придружуваат Џон Кери за време на оваа негова посета за повторно поставување на американското знаме на зградата на амбасадата.

По револуцијата во Куба за прв пат еден американски државен секретар замина во посета на Куба.

Последната посета од САД на Хавана на ниво на државен секретар (министер за надворешни работи) беше остварена во 1945 година во времето на Фулгенсио Батиста.

Во рамките на дипломатските односи помеѓу двете земји кои што пред извесно време беа воспоставени повторно, минатиот месец почнаа да делуваат амбасадите во главните градови на двете земји.


Тагови:

Слични вести