Конференција за хуманитарна помош на Јемен во Истанбул

Претставници на исламските земји се состанаа на Меѓународна конференција за хуманитарна помош на Јемен во Истанбул

327682
Конференција за хуманитарна помош на Јемен во Истанбул

Во Истанбул се состана Меѓународна конференција за хуманитарна помош на Јемен, а со цел санирање на штетите во оваа земја каде што продолжува да се води граѓанска војна.

На конференцијата учествуваат претставници на исламските земји.

Конференцијата се одржува под водство на Асоцијацијата на граѓанските организации од исламскиот свет и ќе се водат обиди за санирање на раните на народот во Јемен.

На конференцијата се има за цел да биде собрана помош во износ од 447 милиони долари.

Со овие средства ќе биде испратена помош за Јемен во храна, лекови и други неопходни потреби на народот и ќе им се достави помош на 3 илјади 150 села.


Тагови:

Слични вести