Дали е на повидок мировен договор помеѓу Хамас и Израел

Валид ел-Ивад, еден од водачите на Палестинската народна партија, истакнал дека Хамас разговарал со палестинските групи околу точките на евентуалниот мировен договор што би можел да се постигне со Израел

327604
Дали е на повидок мировен договор помеѓу Хамас и Израел

Како што се тврди Хамас разговарал со палестинските групи околу точките на евентуалниот мировен договор што би можел да се постигне со Израел.

Изјава по ова прашање пристигна од Валид ел-Ивад, еден од водачите на Палестинската народна партија.

Ел-Ивад го истакнал следното: „Хамас разговараше со палестинските групи околу точките на евентуалниот мировен договор што би можел да се постигне со Израел.“

Ел-Ивад рекол дека најзначајната точка е да се изгради пливачко пристаниште на површината на морето на 3 километри од брегот на Газа кое ќе биде директно поврзано со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и ќе биде под контрола на Израел и НАТО.

Истиот висок функционер истакнал дека договорот опфаќа и отворање на трговските граници Керм Ебу Салим во јужниот и Ерез во северниот дел на Газа.

Според точките на договорот ќе се дозволи внесување на секој вид материјали за Газа вклучувајќи ги и градежните материјали.

Од друга страна Исмаил Ридван еден од водачите на Хамас истакна дека не располагаат со никаков определен став во однос на мировниот договор во Газа.

Ридван рече: „Хамас не крие ништо во однос на мирот. И не е можно да учествува во ниту еден договор со кој ќе се зајакне раскинувањето на на Газа од Западниот брег.

Израелскиот печат напиша дека се води посредување под водство на арапската и европската страна во однос на постигнување долгорочен договор помеѓу Хамас и Израел и дека Хамас се обидува да ги направи последните корекции во договорот.


Тагови:

Слични вести