Жесток оган од слободната сириска армија врз позициите на ДЕАШ

Слободната сириска армија ги држи под жесток оган позициите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во близина на градот Алепо

326278
Жесток оган од слободната сириска армија врз позициите на ДЕАШ

Слободната сириска армија ги држи под жесток оган од тешко оружје позициите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во близина на градот Алепо кои беа бомбардирани од страна на меѓународните коалициони сили.

Притоа беше заземено селото Карамезер кое се наоѓаше во рацете на ДЕАШ.

Локални туркменски извори претходно соопштија дека меѓународните коалициони сили рано наутро реализирале воздушна операција на позициите на ДЕАШ во населеното место Азез во близина на градот Алепо.

Жестокиот оган од тешко оружје на слободната сириска армија која се усмерила кон селото Харџеле се слуша и од населеното место Елбејли кај градот Килис на нултата точка на границата со Сирија.

 


Тагови:

Слични вести