Судирите во Дамаск се шират низ целиот град

Џевад Зариф во Дамаск се состана со сирискиот претседател Бешар Асад

325864
Судирите во Дамаск се шират низ целиот град

Во период кога Иран се подготвува да презеде иницијатива во врска со Сирија, судирите во Дамаск се шират низ целиот град.

Во вчерашните напади на силите на режимот на Асад врз позициите на силите на опозицијата во Дамаск загинаа 35, десетици лица беа повредени.

Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој замина за Дамаск, се состана со сирискиот претседател Бешар Асад.

На средбата беа разгледани 4 члениот план на Иран кој се подготвува да го достави до ОН.

Според предлог планот на Иран се предвидува да се воспостави примирје во Сирија, формирање Влада на национално единство во која ќе учествува и Асад, одржување предвремени парламентарни избори под надзор на меѓународни набљудувачи.

Министерот Зариф потенцираше дека сите соседни земји треба да водат борба против екстремизмот и тероризмот.

Иранскиот министер за надворешни работи подвлече на потребата за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на Сирија.

Од друга страна пак, ТВ канал на Хезболах во Либан, Ал Манар соопшти дека е постигнато примирје меѓу силите на Хезболах и опозицијата во Сирија од 48 часа во областа Идлиб и во градот Забадани на либанската граница.


Тагови:

Слични вести