Соопштение во врска со одложувањето на посетата на Зариф на Турц

Јас искрено верувам дека Турција е среќна и задоволна од постигнатиот договор

326195
Соопштение во врска со одложувањето на посетата на Зариф на Турц

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој во вторник се очекуваше да допатува во посета на Анкара, во соопштението за причината за одложувањето на посетата истакна дека тоа е недостиг на време.

Зариф, рече дека поради фактот дека во рамките на посетата претседателот реџеп Тајип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу се наоѓале во различни градови и не ќе имал можност да се состане со тројца во ист ден, планираната посета била олдожена.

Иранскиот министер во интервјуто за либанскиот весник „Ел Сефир“ рече дека дента кога планирал да допатува во посета на Анкара претседателот Ердоган се наоѓал во Истанбул, премиерот Давутоглу и министерот за надворешни работи Чавушоглу биле во Анкара. Немаше можност за остварување на трите средби за толку кратко време, рече Зариф.

На прашањето; Дали Турција е задоволна од постигнатиот договор на нуклеарните преговори меѓу Техеран и Западните земји, министерот Зариф одговори:

Јас искрено верувам дека Турција е среќна и задоволна од постигнатиот договор. Се надевам дека и другите земји во регионот ќе бидат задоволни од постигнатиот договор, рече министерот Зариф.

По одложувањето на посетата на Турција, министерот Зариф замина за Либан, Сирија и Пакистан каде што се состана со лидерите на овие земји.


Тагови:

Слични вести