САД ќе ја продолжат програмата обучи-опреми

Американскиот државен секретаријат истакна дека програмата обучи-опреми на сириските опозиционери ќе продолжи

324902
САД ќе ја продолжат програмата обучи-опреми

Во период кога во САД продолжуваат реакциите на програмата обучи-опреми која што почна да се применува за сириските опозиционери, на дневен ред се наоѓаат и вестите околу тоа дека програмата се оценува за неуспешна поради што ќе биде суспендирана.

Американскиот државен секретаријат пак истакна дека програмата ќе продолжи и дека треба да се зголеми капацитетот на силите кои учествуваат во истата.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер укажа на тоа дека случувањата во регионот покажуваат оти сириските опозиционери не се на ниво на кое што треба да бидат и рече: „Ние продолжуваме да се интензивираме на програмата обучи-опреми.“

Командантот на американските копнени сили Рајмонд Одиерно исто така привлече внимание дека се извлечени поуки од првите обучени сириски опозицонери и застана во одбрана на тоа дека продолжувањето со обука на сириските опозиционери е значајно и од аспект на воената стратегија.


Тагови:

Слични вести