Коалицоните сили извршија 9 воздушни напади на Сирија, 10 на Ира

Во гратчето Атме беа бомбардирани караулата и работилниците за производство на оружјето на Џејш-ул Суне и Фронтот Нусра

324884
Коалицоните сили извршија 9 воздушни напади на Сирија, 10 на Ира

САД соопшти дека коалицоните сили извршија 9 воздушни напади на Сирија, 10 на Ирак.

Меѓу целите на бомбардирањето на авионите на коалиционите сили се наоѓа и гратчето Атме.

Командата на Комбинираните здружени сили со одредена намена (CJTV-OIR) во писменото соопштение што го објави истакна дека беа погодени позициите и засолништата како и тактичките сили на ДЕАШ (ИДИЛ).

Во соопштението беше истакнато дека во гратчето Атме беа бомбардирани караулата и работилниците за производство на оружјето на Џејш-ул Суне и Фронтот Нусра.

Според тврдењата, во воздушниот напад биле погодени и населените места на цивилите.

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека во нападите не беа употребени базата Инџирлик и турскиот воздушен простор од страна на коалиционите сили.

Коалиционите сили пак сооптија дека се истражуваат тврдењата за цивилните загуби во нападите.


Тагови:

Слични вести