Историски чекор во нормализирањето на односите меѓу САД и Куба

Утре свечено ќе биде отворена амбасадата на САД во Куба

325052
Историски чекор во нормализирањето на односите меѓу САД и Куба

По свеченото отворање на 20 јули на амбасадата на Куба во Вашингтон со учество на кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, утре свечено ќе биде отворена амбасадата на САД во Куба.

На свеченоста ќе присуствува и американскиот министер за надворешни работи Џон Кери.

Светските медиуми кои покажаа големо интересирање кон свеченото отворање на амбасадата на Куба во Вашингтон, овојпат курсот го насочија кон Хавана. По повод свеченоста меѓу Балтимор и Хавана беа додадени дополнителни авионски летови.


Тагови:

Слични вести