Газа најголем затвор под отворено небо во светот

Израел пред точно 10 години извади од Газа 8 илјади 500 еврејски доселеници, но ја интензивира изградбата на нови еврејски населби на Западниот брег и во Источен Ерусалим

325860
Газа најголем затвор под отворено небо во светот

Изминаа 10 години од испразнувањето на еврејските доселенички населби на појасот Газа.

Израел пред точно 10 години извади од Газа 8 илјади 500 еврејски доселеници.

И покрај тоа што оваа одлука на прв изглед изгледа како да е во полза на Палестинците, Газа практично беше претворена во затвор под отворено небо.

Освен тоа Израел кој се повлече од Газа ја интензивира изградбата на нови еврејски населби на Западниот брег и во Источен Ерусалим.

Според израелски извори на окупираните палестински територии живеат најмалку 531 илјада еврејски доселеници.

Во меѓувреме, Израел реализираше три големи воени операции на Газа и тоа во 2008, 2012 и 2014 година.

Израел под изговор на ракетарските и ракетните напади на Хамас не остави камен на камен во Газа.

Во израелските напади животот го загубија илјадници цивили, а беше причинета голема материјална штета врз инфраструктурата и државните згради и куќите во Газа.

Освен израелските напади Палестинците 10 години како живеат под крајно тешки животни услови во Газа чиј влезови и излезе се затворени од страна на Египет.



Тагови:

Слични вести