Мировниците на ОН продолжуваат да вршат кривични дела во Централ

Околу 20 мировници во јули беа екстрадирани во земјите од каде што беа испратени

324254
Мировниците на ОН продолжуваат да вршат кривични дела во Централ

Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ соопшти дека војниците на мировните сили на ОН во Централноафриканската Република го убиле таткото и син му, а исто така силувале едно 12 годишно девојче.

Мировниците на ОН на 2 август во рамките на една операција на Банги, силувале едно 12 годишно девојче.

Во огнот што го отвориле војниците наоколу на 3 август, беа застрелани и убиени 61 годишниот татко и 16 годишниот син.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави големо жалење и загриженост поради случувањата, потенцирајќи дека ќе се реализира сеопфатна истрага.

Во јуни започна истрагата против војниците на ОН во врска со сексуалното насилство врз децата по улиците.

Околу 20 мировници во јули, поради учество во убиство на две лица и прекумерна употреба на сила, беа екстрадирани во земјите од каде што беа испратени.

ОН немаат овластување за судење на мировниците. Судењето може да се изврши единствено од страна на земјите чии граѓани се.


Тагови:

Слични вести