Во Турција живеат над 2 милиони сириски бегалци

Во Турција во моментов се наоѓаат приближно 2 милиони сириски бегалци од кои дел се сместени во бегалски кампови

323109
Во Турција живеат над 2 милиони сириски бегалци

Бројот на сириските бегалци кои поради граѓанската војна во својата земја избегаа во Турција изнесува над 2 милиони лица.

Според податоците на Генералштабот од месец мај досега биле фатени над 50 илјади илегални имигранти кои ги преминале границите и дошле во Турција по незаконски патишта. 30 илјади од нив биле сириски државјани.

Во Турција во моментов се наоѓаат приближно 2 милиони сириски бегалци од кои дел се сместени во бегалски кампови.

Во Либан кој брои 4 милиони жители исто така се наоѓаат 1,5 милиони сириски бегалци.

Во земјите на ЕУ се наоѓаат 150 илјади Сиријци. Расте бројот и на бегалците особено од Сирија и во Грција и земјите од Западен Балкан.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци бројот на имигрантите кои дошле во Грција во првата половина од годинава изнесува 77 илјади 100 лица, од кои 60-отсто сочинуваат Сиријци.

Според истите податоци оваа година животот го загубија илјада и 900 лица во Средоземното Море при обид за заминување во европските земји, што пак значи за два пати повеќе во споредба со минатата година.


Тагови:

Слични вести