Напади во ирачкиот град Бакуба: 42 загинати

Во градот Бакуба на 60 километри од главниот град на Ирак, Багдад, беа извршени два напади во кои животот го загубија 42 лица

323376
Напади во ирачкиот град Бакуба: 42 загинати

При експлозија на бомба поставена во едно возило во градот Бакуба на 60 километри од главниот град на Ирак, Багдад, според првични претпоставки загинаа 35 лица.

На еден контролен пункт во источниот дел на Бакуба пак беше извршен самоубиствен напад во кој загинаа најмалку 7 лица.

И покрај тоа што градот Бакуба една година како е подложен на нападите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) ирачката армија и понатаму успева да ја држи контролата во градот во свои раце.

Терористичката ДЕАШ минатиот месец изврши напад на едно место за пазар при што животот го загубија 115 лица.


Тагови:

Слични вести