Терористичката ДЕАШ уби уште 37 сириски опозиционери

Сириската Опсерваторија за следење на човековите права соопшти дека терористи на ДЕАШ реализирале самоубиствен напад во селото Ум Хуш северно од градот Алепо, при што биле убиени 37 опозиционери

320864
Терористичката ДЕАШ уби уште 37 сириски опозиционери

Терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) уби уште 37 опозиционери во Сирија.

Освен тоа во реализираниот напад во близина на градот Алепо 20 сириски опозиционери се водат како исчезнати.

Според објавеното соопштение на сириската Опсерваторија за следење на човековите права, инаку глас на сириските опозиционери, терористи на ДЕАШ реализирале самоубиствен напад во селото Ум Хуш северно од градот Алепо.

Потоа дошло до жестоки судири по што терористите на ДЕАШ го зазеле селото. 37 сириски опозиционери биле убиени, а од 20 опозиционери не можеле да се добијат информации.

Во меѓувреме, терористите на ДЕАШ се обидуваат да заземат уште 3 села на патот на доставување логистичка поддршка за силите на сириската опозиција.

Опозиционерите водат судири и со силите лојални на Асад во областа Сахл Ел Габ. Во оваа област во близина на градот Латакија голем број села преминаа во рацете на сириските опозиционери.

Доколку опозиционерите ја заземат и областа Џурин ќе пристигнат во планинските предели на Латакија.


Тагови:

Слични вести