Саудиски авиони бомбардираа по грешка свои сојузници во Јемен

Во бомбардирањето на саудиските воени авиони по грешка во градот Зенџибар загинаа 20 војници лијални на јеменскиот претседател Мансур Хади

320273
Саудиски авиони бомбардираа по грешка свои сојузници во Јемен

Саудиска Арабија повторно ги погодија своите сојузници во Јемен.

Во бомбардирањето на саудиските воени авиони загинаа 20 војници лијални на јеменскиот претседател Мансур Хади.

Случајот беше доживеан за време на заземањето на силите лојални на јеменскиот претседател Мансур Хади на градот Зенџибар, на 50 километри источно од градот Аден со поддршка и на Саудиска Арабија.

Јеменски функционери истакнаа дека коалиционите сили по грешка бомбардирале еден воен конвој на силите лојални на Хади.

Инаку, Саудиска Арабија на 11 јули исто така по грешка ги бомбардираше силите лојални на јеменскиот претседател Мануср Хади при што загинаа 53-јца војници.

Во меѓувреме, народот почна да се враќа во градот Зенџибар кој премина во рацете на силите лојални на Хади, меѓутоа се уште се доживуваат безбедонси проблеми поради поставените утешителни стапици и неексплодираните бомби.

Така при експлодирање на поставени утешителни стапици и неексплодирани бомби во градот за два дена животот го загубија 19 лица, а 163 лица беа повредени.

Од друга страна, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека во Јемен изгубиле уште тројца свои војници, но не беше соопштена причината за нивното загинување. На тој начин бројот на загинатите војници на Обединетите Арапски Емирати во Јеменн се зголеми на 5.

Инаку, војниците на Обединетите Арапски Емирати повеќе се задолжени за воспоставување на безбедноста во градот Аден.

Воените сили лојални на јеменскиот претседател Мансур Хади во последните недели преминаа во противнапад и притоа го зазедоа градот Аден, две воени бази во негова близина и градот Хута.


Тагови:

Слични вести