Инциденти на парламентарни избори на Хаити

Вчера на Хаити беа одржани парламентарни избори на кои беа доживеани низа инциденти и на кои одѕивот на гласачите беше доста низок

320914
Инциденти на парламентарни избори на Хаити

На одржаните парламентарни избори на Хаити за кои беше установено дека во некои области одѕивот на гласачите бил доста низок, истовремено беа доживеани и одредени инциденти така што 50 гласачки места поради појава на затегнатост биле затворени порано.

Надлежни истакнаа дека на денот на изборите биле запалени 6 гласачки места.

Инаку, поради присутната затегнатост и финансиските проблеми со кои се соочува земјата неколку месеци како се одложуваат изборите за избор на две третини од членовите на Сенатот кој брои 30 члена и на новите членови на претставничкиот дом составен од 119 пратеници.

По истекување на мандатот на претходниот парламент уште во јануари оваа година претседателот на Хаити Мајкл Мартели управува со земјата со декрети.

Хаити која е една од најсиромашните земји на американскиот континент во 2010 година беше погодена со катастрофален земјотрес во кој животот го загубија 250 илјади лица така што се уште не можат да се избришат трагите од оваа природна непогода како и причинетата штета врз економијата на земјата.


Тагови:

Слични вести