Бомбашки напади во Авганистан

Во нападот чија одговорност ја презеде Талибан, загинаа најмалку 20 питомци на академијата, а 25 беа повредени

318969
Бомбашки напади во Авганистан

Вчера Кабул беше потресен со бомбашки напади во кои загинаа 43, а стотици лица беа повредени.

Првиот напад беше извршен веднаш по полноќ во центарот на градот.

Камион натоварен со експлозив беше активиран во центарот на градот.

Во нападот загинаа 15 цивили, а 240 лица беа повредени.

Синоќа градот беше сцена на еден друг смртоносен напад.

Самоубиствениот напаѓач го активираше експлозивот врз себе пред една полициска академија.

Во нападот чија одговорност ја презеде Талибан, загинаа најмалку 20 питомци на академијата, а 25 беа повредени.

Во нападот на кампот на НАТО за борба против дрогата и појните средства во Кабул загинаа 8 цивилни работници на НАТО.
.


Тагови:

Слични вести