Свечено пуштен во употреба новиот Суецки канал

Со помош на новиот Суецки канал кој што свечено беше пуштен во употреба денеска бројот на бродовите кои ќе поминуваат низ каналот ќе се зголеми за два пати

317526
Свечено пуштен во употреба новиот Суецки канал

Суецкиот канал кој ги поврзува Азија и Европа по море, односно Средоземното и Црвеното Море беше проширен со изградба на нов паралелен канал.

Со помош на новиот Суецки канал кој што свечено беше пуштен во употреба денеска бројот на бродовите кои ќе поминуваат низ каналот ќе се зголеми за два пати.

Египетскиот народ отворањето на новиот Суецки канал кој ќе обезбеди голем придонес за економијата на земјата го славеше со радост и овации на улиците.

Изградбата на проектот за ископување на втор нов Суецки канал паралелно на сегашниот започна во август минатата година.

Проектот наместо со странски кредит беше финансиран од страна на државни обврзници со годишна камата од 12-отсто.

Египетскиот народ речиси беше мобилизиран за изградбата на новиот Суецки канал кој го оценува за национално прашање и беа собрани приближно 9 милијарди долари. Народот лично отиде во банките и обезбеди материјална поддршка за каналот.

Инаку, сегашниот Суецки канал со годишните приходи од приближно 5,5 милијарди долари што ги обезбедува е еден од најголемите извори на приход за Египет.

Со изградбата на новиот Суецки канал пак се очекува овие приходи да бидат зголемени за два и пол пати и да изнесуваат над 13 милијарди долари.

Со изградбата на новиот канал долг 72 километри се очекува времето на чекање на бродовите од сегашните 18 часа да се намали на 11 часа, а капацитетот на бродовите кои што ќе поминуваат од 49 да се зголеми на 97.


Тагови:

Слични вести