Прв американски напад од териториите на Турција врз ДЕАШ

Портпаролот на Пентагон Лора Сијил го употреби изразот „за прв пат едно американско беспилотно летало полета од Турција и ја погоди терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во северниот дел на Сирија

317225
Прв американски напад од териториите на Турција врз ДЕАШ

САД го реализираа првиот воздушен напад од јужниот дел на Турција во северниот дел на Сирија.

Американскиот секретаријат за одбрана соопшти дека беспилотно летало кое полетало од воената база Инџирлик реализирало воздушен напад во северниот дел на Сирија.

Портпаролот на Пентагон Лора Сијил го употреби изразот „за прв пат едно американско беспилотно летало полета од Турција и ја погоди терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во северниот дел на Сирија.

Сијил истакна дека оваа задача е дел од операциите на Силите на обединетата партнерска задача.

Подвлекувајќи дека реализираните напади се извршени со дозвола на Турција, Сијил рече дека за воспоставување на регионалниот мир и стабилноста постои неминовност од борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Француската новинска агенција АФП наведе дека американското беспилотно летало кое полетало од базата Инџирлик во Турција ги бомбардирало целите на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) во близина на градот Рака во северниот дел на Сирија.

Инаку Турција минатиот месец донесе одлука за отворање на своите бази за американските воени авиони за бомбардирање на целите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во изминативе денови исто така и од страна на администрацијата на Обама беше истакнато дека ќе им се обезбеди воздушна заштита од воените авиони на сирискиот режим на опозиционерите кои се вклучени во програмата обучи-опреми.

Американски функционери истакнаа дека продолжуваат подготовките и на американските воени авиони за бомбардирање на целите на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ).

Во тие рамки се тврди дека во регионот ќе пристигнат уште 30 американски воени џетови кои ќе обезбедат поддршка за операциите.

Во меѓувреме воени авиони на меѓународните коалициони сили реализираа повеќе од 20 воздушни напади врз позициите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во градот Рака во северниот дел на Сирија.

 


Тагови:

Слични вести