Катастрофална автобуска несреќа во далечниот исток на Русија

Во областа Хабаровск во далечниот исток на Русија во близина на границата со Кина се судрија два патнички автобуси при што животот го загубија 16 лица меѓи кои и едно бебе

316892
Катастрофална автобуска несреќа во далечниот исток на Русија

При судир на два патнички автобуси во далечниот источен дел на Русија животот го загубија 16 лица меѓу кои и едно бебе.

Во катастрофалната несреќа во областа Хабаровск во близина на границата со Народна Република Кина освен загинатите има и 56 повредени лица од кои 20 потешко.

Несреќата се случила во моментот кога еден од патничките автобуси престигнал едно возило и се судрил со друг автобус кој доаѓал од спротивен правец.

Во областа каде што се случи несреќата е прогласена еднодневна жалост.


Тагови:

Слични вести