Изјава за нуклеарниот договор со Иран од САД

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст на одржаната редовна дневна прес конференција се осврна на постигнатиот историски нуклеарен договор со Иран

315113
Изјава за нуклеарниот договор со Иран од САД

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст даде значајна изјава во врска со постигнатиот историски нуклеарен договор со Иран.

Ернст на одржаната редовна дневна прес конференција, на прашањето „Дали претседателот кој ќе биде избран на изборите идната година би го поништил договорот со Иран?“, рече „Би било глупост идниот претседател да го направи тоа.“

Потпишаниот договор меѓу Иран и земјите од групата П5+1 во врска со иранската нуклеарна програма беше цел на критики од страна на кандидатите за иден претседател на САД од редовите на Републиканската партија.

Некои кандидати за претседател нагласуваат дека доколку победат на изборите договорот ќе биде поништен.

Од друга страна администрацијата на Обама ги соопшти на јавноста деталите на постигнатиот нуклеарен договор со Иран на 14 јули.


Тагови:

Слични вести