Претенциозен план од Обама за климатските промени

Со планот на Обама до 2030 година се предвидува да се намали 32 насто од емисија на гасови

314105
Претенциозен план од Обама за климатските промени

Американскиот претседател Барак Обама го објави Планот за чиста енергија според кој се предвидува до 2030 година да се намали емисијата на гасови од енергетските централи во земјата.

Планот за чиста енергија кој има историско значење во борбата против климатските промени, претседателот Обама го објави на конференцијата што ја одржа во Белата куќа.

Под негативното влијание на климатските промени потпаѓаат децата, возрасните и болните од срцеви болести и белите дробови, рече претседателот Обама и додаде дека ние сме првата генерација која го почувствува неповолното влијание на климатските промени и последна која може да направи нешто на тоа поле.

 

Цел на Планот за чиста енергија се една третина од енергетските централи кои се причина за емисијата на јаглерод диоксид во земјата и со планот се воведуваат нови еластични и спроведливи стандарди со кои до 2030 година се предвидува да се намали 32 насто од емисијата на гасовите.

 

Претенциозниот план на Обама предизвика реакции кај Републиканците.

 

Имено републиканските сенатори го изнесоа тврдењето дека целите на Обама не се реални и дека ќе го намалат економскиот раст на земјата. Во случај да почне спроведувањето на планот, милиони Американци ќе бидат принудени да плаќаат поскапа сметка за електричната енергија.


Тагови:

Слични вести