Ал Нусра не објави податоци во врска со бројот на заложниците ко

Приврзаниците на опозицијата соопштија дека центарот преминал во рацете на Ал Нусра

312612
Ал Нусра не објави податоци во врска со бројот на заложниците ко

По минатонеделното киднапирање на приврзаниците на опозиционата армија во Сирија од страна на Фронтот Ал Нусра, фронтот објави видео снимки на интернет на некои од нив.

Еден од заложниците изјавува дека со обука и оружје се стекнале од Американците.

Милитантите на Ал Нусра кои говорат пред камерата истакнуваат дека им ги пресекоа рацете на Запад и Америка во Сирија.

Ал Нусра не објави податоци во врска со бројот на заложниците кои ги киднапираа и го изнесоа тврдењето дека меѓу нив се наоѓа и еден командант.

Организацијата Куќа за набљудување на Сирија која се состои од умерени опозиционери соопшти дека бројот на киднапираните заложници, приврзаници на програмата обучи-опреми во близината на Алепо кои беа киднапирани од страна на Ал Нусра изнесува 8 лица.

Ал Нусра по објавувањето на видео снимката изврши напад на 30-та единица која е позната како центар за обучувањето на приврзаниците на опозицијата.

Приврзаниците на опозицијата соопштија дека центарот преминал во рацете на Ал Нусра и дека во судирите животите ги загубиле 5 лица, а убиле 25 милитантги на Ал Нусра.

Приврзаниците на опозицијата кои учествуваат во програмата обучи-опреми се повлекоа во областа која се наоѓа под контрола на Курдските сили.

Во меѓувреме, во провинцијата Хама се доживуваат жестоки судири меѓу единиците на Асад и опозицијата.

Единиците на Асад преминаа во контранапад со цел да се спречи приближувањето на приврзаниците на опозицијата кон областа Латакија каде што живеат Алавитите т.е Нусајрите.

Опозицијата соопшти дека во рок од 3 дена презедоа половина од позициите кои ги изгубија единиците на Асад и дека самите загубиле 73, а силите на Асад 42 жртви.


Тагови:

Слични вести