Продолжува драмата на илегалните имигранти во Франција

Полицијата интервенираше врз приближно 200 имигранти кои од францускиот град Кале се обидоа да влезат во тунелот Ла Манш и да преминат во Англија

311902
Продолжува драмата на илегалните имигранти во Франција

Продолжува драмата на илегалните имигранти во Франција кои очајнички се обидуваат преку тунелот Ла Манш да влезат во Англија.

Како последно приближно 200 имигранти во градот Кале се обидоа да влезат во тунелот Ла Манш.

Полицијата интервенираше на имигрантите кои извикуваа слогани „Отворете ја границата“, „Ние не сме животни“.

Има и имигранти кои со надеж за подобар живот, доведувајќи го својот живот во опасност, успеваат да преминат во Англија.

Илјадници имигранти кои чекаат во францускиот град Кале се обидуваат да се качат на возовите и камионите и на тој начин преку тунелот Ла Манш да преминат во Англија.

Од месец јуни наваму животот го загубија 9 мина имигранти.


Тагови:

Слични вести