Новиот лидер на Талибан Мансур ги одби мировните преговори

Снимка со гласот на Молла Ахтар Мухаммед Мансур од говорот што го одржал на состанокот на кој беше избран за нов лидер на Талибан, од страна на портпаролот на организацијата Забиуллах Муџахид била испратена до печатот

311925
Новиот лидер на Талибан Мансур ги одби мировните преговори

Новиот лидер на Талибан Молла Ахтар Мухаммед Мансур ги одби мировните преговори помеѓу организацијата и авганистанската влада и истакна дека ќе ја продолжат вооружената борба се додека се воведе исламски режим во земјата.

Снимка со гласот на Мансур од говорот што го одржал на состанокот на кој беше избран за нов лидер на Талибан, од страна на портпаролот на организацијата Забиуллах Муџахид била испратена до печатот.

Мансур на оваа снимка застанува во одбрана на тоа дека авганистанската влада врши пропаганда за започнување на мировните преговори и дека разговарала со претставниците на Талибан.

Мансур рече: „Нема да ја слушаме оваа пропаганда во врска со мирот. Нашиот џихад ќе продолжи се додека биде воведен исламски режим во нашата земја.“

Нагласувајќи низа пати дека единството внатре во редовите на Талибан е мошне значајно, Мансур ги повика милитантите на Талибан да се поддржуваат меѓу себе, да се обединат и да покажуваат почит кон народот.

Мансур ги повика милитантите на Талибан на послушност и оданост по што рече: „Секој си има свој простор на одговорност. Да не интервенираме во нашите меѓусебни простори на одговорност. Доколку постои извесен проблем да го решиме со утврдените принципи.“


Тагови:

Слични вести