30 нови напади од коалиционите сили врз терористичката ДЕАШ

Во објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“ се истакнува дека биле извршени 30 нови напади врз терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија и Ирак

311170
30 нови напади од коалиционите сили врз терористичката ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили предводени од САД во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) извршија 30 нови воздушни напади.

Во објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“ се истакнува дека во Сирија биле реализирани 11 воздушни напади со воени авиони и беспилотни летала.

Во воздушните напади во близина на Хасеке биле уништени тектички единици и неколку возила на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) како и еден нејзин центар за снабдување.

Исто така и во реализираните операции во близина на Алепо, Кобани и Деир ез-Зор беа бомбардирани тактички единици, возила и борбени позиции на терористичката организација.

Меѓународните коалициони сили извршија 19 воздушни напади врз истата терористичка организација и во Ирак.

 


Тагови:

Слични вести