Нусра изврши напад на 30-та сириска опозициска единица

Фронтот Нусра изврши напад на 30-та единица која се обучува со програмата обучувај-опреми на САД

310520
Нусра изврши напад на 30-та сириска опозициска единица

Фронтот Нусра, инаку крило на терористичката организација Ел Каиде во Сирија изврши напад на 30-та единица која се обучува со програмата обучувај-опреми на САД.

Во вооружениот судир загинаа 18 милитанти на Нусра и 7 опозициски борци.

За време на судирот во центарот на 30-та единица во Азез во северниот дел на градот Алепо, воени авиони на САД ги бомбардираа позициите на милитантите на Нусра.

Фронтот Нусра пред два дена киднапира водачот на 30-та единица Недим Хасан и седум негови луѓе.

Фронтот Нусра групите кои се обучуваат од страна на американската армија ги обвинува за шпиунажа поради што минатата година изврши напади и на движењето Хазм и групата Сириски револуционерен фронт кои исто така ја добиваат поддршката на САД.

САД кои од 6 илјади Сиријци колку се обратиле за програмата обучувај-опреми примија 5 илјади 600, досега обучија и опремија само 60 борци кои беа испратени во Сирија.

Како што се наведува 30-та единица се состои само од овие 60 обучени сириски опозициски борци.


Тагови:

Слични вести