Индија и Бангладеш почнаа со размена на територија

Според договорот за размена на територија кој стапи во сила, 111 населени области се планира од Индија да преминат на Бангладеш, а 51 населена област од Бангладеш да преминат на Индија

310840
Индија и Бангладеш почнаа со размена на територија

Согласно потпишаниот договор помеѓу Индија и Бангладеш започнаа работите за размена на територија помеѓу двете земји.

Според договорот кој стапи во сила, 111 населени области се планира од Индија да преминат на Бангладеш, а 51 населена област од Бангладеш да преминат на Индија.

Индусите и Бангладешани кои живеат во овие населени места имплементацијата на договорот ја прославија со различни манифестации.

Индискиот премиер Нарендра Моди договорот за размена на територија кој е познат и како размена на енклави го спореди со уривањето на Берлинскиот ѕид, додека бангладешкиот премиер Шејх Хасина истакна дека едно хуманитарно прашање резултираше со мировно решение.

Инаку, договорот за размена на територија или размена на енклави беше потпишан во 1974 година помеѓу тогашните премиери на Индија и Бангладеш, Индира Ганди и Муџибур Рахман.

Меѓутоа во 1975 година по атентатот врз бангладешкиот премиер Муџибур Рахман и повеќе членови на неговото семејство имплементацијата на овој договор беше сопрена, а владите кои дојдоа на власт потоа не успеаја да постигнат договор за размената на територија, односно размената на енклави.


Тагови:

Слични вести