Смртта на Молла Омер потврдена и од Талибан

По потврдувањето на информациите за смртта на Молла Омер и од страна на организацијата Талибан, извршниот совет Куета за нов лидер на организацијата го назначи Молла Ахтар Мансур

309637
Смртта на Молла Омер потврдена и од Талибан

Информацијата за тоа дека лидерот на Талибан Молла Омер пред извесно време починал во една болница во Пакистан беше потврдена и од страна на организацијата.

Извршниот совет на Талибан Куета за нов лидер на организацијата го назначи Молла Ахтар Мансур.

По потврдувањето на смртта на Молла Омер беа одложени и мировните преговори помеѓу авганистанската влада и Талибан кои беа закажани за денес.

Претходно и политичкото биро на Талибан соопшти дека не се информирани за текот на мировните преговори.

Како што се наведува по потврдувањето на смртта на Молла Омер би можела да се продлабочи поделеноста помеѓу приврзаниците и противниците на мировните преговори во организацијата и воинственото крило би можело да се усмери кон терористичката организација ДЕАШ (ИГИЛ).

Познато е дека новиот назначен лидер на Талибан Молла Мансур имаше позитивен приод кон мировните преговори со авганистанската влада.

Од друга страна група талибанци од воинственото крило на организацијата зазедоа едно населено место во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан.

Продолжуваат да се водат судири помеѓу милитантите и авганистанската армија во околината на населеното место.


Тагови:

Слични вести